Осум загинати и 12 ранети во самоубиствен напад во Дамаск
Најмалку осум лица загинаа, а 12 се повредени во напад на бомбаш самоубиец во источниот дел на Дамаск, јави сириската државна телевизија.
Сириската полиција пресретнала три автомобила бомби, од кои два биле погодени и имале контролирани експлозии на влезот во градот, додека третиот автомобил успеал на навлезе во самиот град, а бомбашот самоубиец го активирал експлозивот додека бил опколен, пренесоа француските медиуми.
Сириската агенција Сана ја пренесе изјавата на полициски функционер кој изјави дека „терористите симултано кренале во воздух три автомобила, два на пат кон аеродромот во Дамаск и еден во источниот дистрикт на градот, Сахат ал Тахрир.
Сирискиот полициски функционер изјави дека во експлозиите погинале или се повредени неколку цивили.
Според изјави на очевидци, експлозијата што уследила по пукањето се слушнала околу 6 часот утринава, а на лице место се наоѓаат припадници на Црвената полумесечина, кои им помагаат на повредените.
Ново на Сител
-
Новите 352 пожарникари потпишаа договори
-
Тема на денот со Петар Богојески, Македонски концепт
-
Битката за Чаир клучна на локалните избори
-
Осуда од ВЛЕН за навивачките скандирања
-
Манасков: Брутална партизација на образованието пред избори
-
Петрушевски: Обвинителот Коцевски служи на СДСМ, наместо на народот
-
Громорозно убиство во Штип
-
Екс директорот на Геријатрија обвинет за земање поткуп, седна во судница