Осум училишта добиле закани за бомби, во неколку веќе утврдено е дека се лажни
– Во дел од училиштата во Скопје, кои денеска добија дојави за поставени бомби проверката е завршена и е утврдено дека станува збор за лажни дојави, а во дел од нив проверките се уште траат, информираат од Министерството за внатрешни работи за МИА.
Пет училишта денеска околу 12 часот пријавиле до СВР – Скопје дека на меил адреси добиле закани за поставени бомби. Станува збор за гимназиите „Раде Јовчевски Корчагин“, „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Јосип Броз Тито“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“. Полицијата испрати тимови, а учениците и вработените беа евакуирани од објектите, каде се вршат проверки.
Подоцна, како што информираа од МВР дополнително е пријавено дека иста закана пристигнала преку електронска пошта до уште три училишта во Скопје и оти и таму се преземаат мерки за безбедно евакуирање на учениците и вработените.
-Веднаш се упатени тимови за антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во дел од училиштата веќе е завршена проверката и утврдено е дека станува збор за лажна пријава, а во дел од училиштата проверките се уште во тек, додаваат од МВР.
Ново на Сител
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена
-
Во кој суд ќе им се суди на обвинетите за пожарот во „Пулс“?
-
Клековски: Повредени од трагедијата во Kочани да не бараат консултации и процедури надвор од утврдените протоколи
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот