Осум сообраќајки во Скопје, шестмина повредени
Еден пешак се здобил со тешки телесни повреди, а пет лица се полесно телесни повреди во осум сообраќајни несреќи што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во три сообраќајни несреќи е причинета материјална штета.
Според полицискиот извештај, 25 возачи се движеле со поголема брзина од дозволеното, двајца возачи возеле под дејство на алкохол, 11 возачи пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило и двајца возачи почетници.
Исклучени од сообраќај биле и девет нерегистрирани возила.
Изминатите 24 часа сообраќајната полиција издала 65 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 70 возила.
Полицијата санкционирала и двајца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, тројца за неправилно престигнување и пет возачи за непоседување пропишана зимска опрема во возилата.
Одделението за превенција денеска ќе реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен, појас).
Ново на Сител
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник
-
Бимилк го одбележува светскиот ден на млекото
-
Како Асмир Јахоски доби времен пасош?
-
Мицкоски: Бугарските европратеници сакаат да додадат „сегашен“ македонски индентитет во извештајот на ЕП
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, но со право да гласа и дијаспората
-
НАТО вежба „Брз одговор“ на Криволак