Осум сообраќајки во Скопје, повредени петмина
Пет лица се здобиле со полесни телесни повреди во четири од вкупно осум сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден во Скопје, а во две била причинета материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Дваесет и двајца возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, шест возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, еден возач не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца возачи за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување и двајца возачи не поседувале пропишана зимска опрема во возилата.
Од сообраќај биле исклучени вкупно 10 возачи, од кои осум пред да се стекнат со право на управување и двајца почетници, како и 10 нерегистрирани возила.
Затекнати биле 94 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 63 возила.
Ново на Сител
-
ЈП „Исар“- Штип воведе 24 часовна стражарска служба на градската депонија
-
Државата ќе ги плати трошоците за складирање на јачмен се до постигнување подобра цена за земјоделците
-
Преглед на вестите од светот
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен