Осум пријавени настани со семејно насилство, приведени шест лица во Скопје, Росоман, Кичево и Виничко

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи регистрирала осум пријавени настани со семејно насилство, а полициски службеници лишиле од слобода шест лица во Скопје, Росоман, Кичево и Виничко.
Утринава во 00:05 часот на подрачјето на скопски Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Д.(52) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 08.03.2026 околу 16:30 часот во семејниот дом упатувал закани кон неговата 47-годишна сопруга, со која биле во бракоразводна постапка и кон нивниот 17-годишен син, а го оштетил и мобилниот телефон на сопругата.
Исто така, во Карпош синоќа во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода З.З.(48) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 22:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 44-годишна сопруга, а притоа оштетил и дел од покуќнината.
Синоќа во 20:20 часoт во СВР Скопје, 38-годишна жена пријавила дека во периодот од 06. до 08.03.2026 нејзиниот девер Г.В.(44) од Скопје, преку мобилен телефон упатувал закани кон неа и членови на семејството.
Полициски службеници од СВР Скопје синоќа во 23:20 часот во Скопје го лишиле од слобода А.И.(65), постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 часот во семејниот дом во Скопско, физички ја нападнал неговата 62-годишна сопруга, при што употребил тврд предмет.
Синоќа во 21:00 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена пријавила дека околу 15:30 часот во Скопско била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер З.Р..
Полициски службеници од ОВР Кавадарви синоќа во 21:20 часот во Росоман лишиле од слобода 69-годишник од Росоман, постапувајќи по претходна пријава дека им се заканувал на неговите 44-годишен син и снаа. Како што посочуваат од МВР, при преземањето мерки, кај него биле измерени 1,40 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Кавадарци.
Во Кичево вчера во 14:20 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Р.С.(37) од Кичево затоа што претходно во семејниот дом физички го нападнал неговиот татко.
Полициски службеници од ОВР Виница вчера во 16:00 часот во Виничко село го лишиле од слобода Б.Т.(58) од Виница. Според пријавеното, и покрај тоа што имал судско решение да не се приближува помалку од 100 метри и да воспоставува контакт, тој на 07.03. и 08.03.2026 во неколку наврати ја пресретнувал неговата поранешна 65-годишна партнерка во селската продавница, а одел и кај неа дома и ја вознемирувал и ѝ се заканувал. При преземањето мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 3,30 промили алкохол во организмот. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Од МВР посочуваат дека преземаат мерки за расчистување на случаите и најавуваат дека по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп: Иранците одиграа мала игра, но многу добри разговори се во тек
-

МВР и ТАВ Македонија: Успешно спроведена вежбата „Сигурен хоризонт 2026“ – тестирана подготвеноста за одговор на сложени безбедносни закани
-

Папата Лав Четиринаесетти го ублажува спорот со Трамп, тврди дека наводите за неговите изјави се неточни
-

Сибиха: Зеленски е подготвен за средба со Путин
-

Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие
-

Оштетен минибус со охридски навивачи
-

ЈП Водовод и канализација – Скопје со акција за отплата на долгови без пресметка на камата
-

Десет лица повредени во верижен судир на пет возила во Ѓорче
