Осум млади луѓе приведени за тепачка среде Тетово, еден од нив е повреден
Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека вчера се приведени осум млади луѓе на возраст од 20 до 25 години поради тепачка, во која еден од нив е повреден со остар предмет. Тепачката се случила околу 23 часот и 40 минути на булеварот „Маршал Тито“, а полицајците веднаш успеале да ги приведат.
- Полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода О.С.(20) и Б.С.(24) од с Палатица, тетовско, А.У.(21), Ј.У.(24) од с.Дебреше гостиварско, А.С.(25) од с.Вруток, гостиварско, и К.О.(23), Д.И.(25) и Д.Е.(21) од с. Селце, затоа што го нарушувале јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка во која Д.Е. од с.Селце бил повреден со остар предмет. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, а бил пронајден остриот предмет и подигнат за понатамошна постапка, информираше денеска СВР Тетово.
Во соопштенито на СВР Тетово има и информација за пријавен друг физички напад. Во 15.30 часот во СВР Тетово, А.Ш.(20) од Тетово пријавил дека околу 15.00 часот пред угостителски објект на улица „Благоја Тоска" во Тетово, по вербална расправија, бил физички нападнат од А.А.(18) од Тетово. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
МИА
Ново на Сител
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено
-
Швајцарските глечери се топат со алармантна брзина оваа година
-
Запленета брендирана стока, приведен 30-годишник од Крива Паланка | ФОТО
-
Приведен 22-годишник од Гевгелија, при претрес на неговиот дом најдена е дрога
-
Нови правила за транспарентност за моделите на вештачка интелигенција во ЕУ
-
Судот во Флорида ѝ наложи на Тесла да плати 243 милиони долари отштета за фаталната несреќа со автопилот
-
Трамп вели дека Пауел од ФЕД треба да поднесе оставка
-
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова: Илинден е сржта на македонската историја, срцето на македонската република