Свет
17. March 2021 - 8:47

Осум лица убиени во одделни инциденти во околината на Атланта

Осум лица се убиени синоќа во три одделни инциденти со стрелање во салони за масажа во околината на Аталанта, Џорџија, јави „Њујорк тајмс“.

Четворица загинале во пукањето во попладневните часови во салонот „Азиска масажа на Јанг”, во Акворт, североисточно предградие на Атланта, јави полицијата во округот Чироки.

Осомничениот бил фатен и полицијата истражува дали одделните напади во салоните се поврзани, бидејќи сличен напад со жртви се случил и на друга локација во округот.

Во салонот во Акворт полицијата нашла тела на три жени со рани од огнено оружје, откако одговорила на повик за разбојништво. Во спа-комплес лоциран спроти салонот, полицијата нашла тело на уште една жена.

Агенциите јавуваат дека сите жртви се жени и изгледа дака имаат азиско потекло. Истрагата во врска со пукотнициите и убиствата сеуште е во тек.