Осум дена притвор за насилникот од автокампот Градиште
Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка и поднесе предлог за определување на мерката притвор за 32-годишниот скопјанец, кој на 10 јули 2020 година во автокампотот Градиште во Охрид извршил грубо насилство врз три лица.
– Основниот суд во Охрид го прифати предлогот на Обвинителството, па со решение на осомниченото лице му е определен притвор во траење од осум дена, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.
Како што информираат од Јавното обвинителство, осомничениот извршил напад над оштетените со нож и дрвена палка, со кои им нанел телесни повреди, а во исто време кај оштетените и присутните сведоци предизвикал чувство на страв, загрозување и несигурност.
Нападот следел откако претходно, осомниченото лице ја загрозило сигурноста на оштетените кои повикале полиција. По интервенција на полицијата, осомничениот се оддалечил, но откако си заминале службените лица, тој се вратил и ги нападнал оштетените. Со тие дејствија, како што се наведува, осомничениот го сторил кривичното дело „насилство“ од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци