Осуетено масовно пукање во универзитет во Северна Каролина
Полицијата во САД осуети ново можно масовно пукање, еден од редицата слични случаи во август после нападите во Ел Пасо, Тексас и Дејтон, Охајо на почетокот на месецот кога загинаа над 30 луѓе а педесетмина беа повредени.
Се работи за 19 годишниот Пол Стебер, студент во прва година од универзитетот „Хај Поинт“ во Северна Каролина. Тој синоќа беше уапсен во универзитатскиот кампус каде во својата соба поседувал две парчиња оружје, сачмарка и пиштол.
За време на судското рочиште синоќа се дозна дека тој планирал масовна пукотница уште од лани во декември, изучувал слични настани како нападот во црквата во Чарклтон во 2015 година. Како причина за планирање на оружен напад се наведува одлуката дали тој би бил примен или не во универзитетско братство.
Властите велат дека досега не извршил криминални дела.
Стебер е од Бостон, и прашан зошто решил да дојде во Северна Каролина, одговорил дека „овде полесно може да се купи оружје“. Нападот планирал да го изврши најдоцна до божиќните празници.
Овој случај, како и претходните неколку на осуетени масовни пукања, бил спречен со полициска дојава.
Се укажува дека во САД во изминатиот период зачестиле дојавите до полиција за лица чии постапки, онлајн или реално, укажуваат дека може да спроведат оружен напад.
Така на пример американската полиција неодамна, во текот на само еден недела, спречи шест возможни масовни пукања. Повеќемина од ушпасените лица кои сеуште се во притвор и очекиваат судења, се на возраст од 20 до 25 години и биле пријавени во полицијата од нивни познаници.
Осуетените напаѓачи најчесто се водени од иделошки причини промовирани од радикалните десничарски групи во САД како супремација на белата раса, нетрпеливост кон имигрантите од Јужна Америка, омраза или национализам.
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ - системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла
-

Трета европска титула за Данска за славје во Хернинг
-

Ѓоковиќ: Карлос млад си има уште време пред тебе
-

Алкараз е новиот шампион на Австралија опен
-

Хрватска го освои бронзениот медал
-

Најмалку 16 лица загинаа во две одвоени сообраќајни несреќи во Турција
-

Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози, останува забраната за камиони и автобуси на патот Шипковица-Попова Шапка
-

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД

