Осудениците од „Диво Насеље“ ќе бидат префрлени во Косово
Министерот за правда Кренар Лога во интервју за Радио Слободна Европа кажал дека се комплетира документацијата за префрлањето на кумановската група во Косово.
13 затвореници од т.н. Кумановска група, кои сега се наоѓаат на издржување на затворски казни во скопскиот затвор „Идризово“ поради случајот „Диво насеље“, ќе бидат префрлени на Косово.
Ова го пренесува косовска Коха, повикувајќи се на Радио Слободна Европа. Министерот за правда Кренар Лога во интервју за Радио Слободна Европа кажал дека се комплетира документацијата за префрлањето на Кумановската група во Косово.
„Кумановската група“ упадна од Косово на 9 и 10 мај 2015 година и во кумановското „Диво насеље“ уби 8 припадници на специјалните полициски единици. Тројца од нив се осудени на доживотни затворски казни, а останатите на долгогодишни затворски казни.
Тие се пожалиле дека во „Идризово“ биле жртви на физичка и психичка тортура и затоа бараат затворските казни да ги издржуваат на Косово.
Ново на Сител
-
Се води истрага дали бегството на Артан Груби било организирано
-
СДСМ: Скандалозен тендер во СОЗР
-
Кошта: Време е ЕУ да ги исполни ветувањата кон Западен Балкан
-
Мицкоски на средби со дијаспората во САД
-
Како да се спречи одливот на работници?
-
Од Скопје ќе се лета до Париз и Женева – Воведени две нови авиолинии
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски на средба со иселеници во Њу Џерси