Остин: САД ќе ги поддржи и Украина и Израел, ние сме најсилни во светот
„Соединетите Држави се способни истовремено да ја поддржат Украина во нејзината војна против Русија и Израел по бруталниот напад на Хамас“, изјави денеска американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин.
„Можеме да ги направиме и двете и ќе ги направиме и двете. Ние сме најсилната нација во светот“, рече Остин во Брисел, во седиштето на НАТО.
САД почнаа да му даваат на Израел воена помош, вклучително и „клучна муниција“ и ќе обезбедат повеќе пресретнувачи за израелскиот одбранбен систем „Железна купола“, рече Остин.
Вашингтон, исто така, испрати војници во регионот и е подготвен да распореди дополнителни средства, додаде Остин.
„За која било земја, за која било организација, за секој што размислува да се обиде да ја искористи агонијата во Израел за да го прошири овој конфликт или да пролее повеќе крв, имаме само еден збор: „Немој! Ќе продолжиме да гарантираме дека Израел го има она што му е потребно за да се заштити себеси и своите граѓани“ – повтори Остин.
Ново на Сител
-
Нови технологии за производство на чиста и здрава вода за пиење
-
Пратенички прашања во Собранието
-
Левица: Семејно насилство да се гони по службена должност
-
Владата се договори со банките
-
Синдикатите не се откажуваат од барањето за минимална плата од 450 евра
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон