-->
-->
Оставка на министерот за здравство бидејќи добил медицински третман без да чека ред
-->

Министерот за здравство на Летонија, Гунтис Белевич поднесе оставка на функцијата откако беше обвинет дека ја злоупотребил службената должност за да добие медицински третман без да чека ред.
– Ако си вмешан во нешто, треба да покажеш доблест и да бидеш маж за да си признаеш, изјави премиерот Марис Мучинскис откако ја прифати оставката.
Весникот „Латвијас авизе“ објави минатата недела дека министерот бил опериран во Летонскиот онколошки центар без да чека ред. Министерот тогаш тврдеше дека бил опериран во приватна клиника, а не во Центарот.
Белевич денеска призна дека користел бесплатни услуги и без да чека ред. Тој им се извини на пациентите, лекарите и на секого кому неговото однесување му предизвикало недоверба кон државата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Борис Кондарко, претседател на Државната изборна комисија
-

Изборен молк
-

Гласаат изнемоштени, болни и затвореници
-

Цеца на концерт во Велес развеа бугарско знаме
-

Бугарија забрани извоз на нафта, Македонија нема да биде погодена од ваквата мерка
-

Македонски Каритас преку проект ги мотивира младите за кариерен развој
-

Дневно во Клиниката „Козле“ имаат по 150 прегледи на болни деца
-

Рапиден раст на бројот на пациентите со мозочен удар
