Македонија
29. August 2019 - 14:10

Оставените деца во автомобилот сместени во згрижувачко семејство

Меѓуопштинскиот Центарот за социјални работи ги згрижи децата кои беа вчера оставени во автомобилот во Ново Лисиче  во згрижувачко семејство.
 
Од Центарот велат дека е во интерес на децата да се згрижени безбедно и да ја добијат потребната нега. 
 
Дали ќе им биде одземено родителското право  на старателите врз децата ќе се одлулчува врз основа на доказите кои ги имаат институции, од  Центарот за социјални грижи, од  МВР и од ОЈО. 
 
Александар Динев