Остатоци од снег на дел од патиштата, магла кај Плетвар и Ѓавато

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo претежно влажни коловози. На повисоките места во североисточните и источните делови од државата наместа со остатоци од кашест снег по интервенција на екипите на Јавното претпријатие „Македонија пат“. Поради појава на магла, видливоста на планинските премини Плетвар и Ѓавато е намалена до 100 метри, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба.
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
