Остатоци од 20 тркалезни згради откриени во праисториска населба на Кипар
Кипарски археолози открија остатоци од 20 тркалезни објекти со дијаметар од 3 до 6 метри, при раскопи во Ајос Тихонас-Климонас во Лимасол, најдревната позната населба на светот, пишува весникот „Сајпрус мејл".
Според Одделот за антика, објектите биле изградени на ритче и поставени спроти морето. Ѕидовите биле направени од почва и зацврстни со дрвени греди. Подовите биле обложени со некаков вид малтер.
Реконструкцијата на зданијата веројатно била честа, што се гледа од слоевите кои се еден врз друг. Тие се распоредени околу централниот кружен објект, голем 10 метри, кој беше откриен при раскопи во 2011- 2012 г.
Најдените останки од животни пак, покажуваат дека на Кипар во праисторијата, селаните се занимавале со лов. Тоа е најраната пројава на селско-стопански начин на живот во светот досега, додаваат од Одделот.
Ново на Сител
-
Снопче: Aкo Мицкоски каже да ја напуштиме Владата, веднаш ќе го сториме тоа
-
Тема на денот со Халил Снопче, пратеник од Алијанса за Албанците
-
49 осомничени во акција на ОЈО ГОКК и МВР
-
Три ипол години затвор за Стевчо Јакимовски
-
Струмица ќе ѝ помогне на Кочани со кадар и искуство
-
Пет пациенти од пожарот во Кочани се враќаат од лекување од Србија
-
Палевски: Криминален ум би ја убил мајката, а не Вања
-
РЕК Битола ја исчисти недозволената количина на пепел, тврдат дека не била токсична