Останува носењето на маски во училиштата, Комисијата не дискутирала за укинување на таа мерка
Комисијата за заразни болести на денешниот состанок не дискутирала за укинувањето на мерката носење маски во училиштата со цел заштита од Ковид-19.
Како што информира портпаролот на Комисијата Злате Мехмедовиќ на денешната прес-конференција по состанокот, состојбата во училиштата е постабилна и би имало потреба од нов скрининг доколку се укине мерката.
– Во однос на сертификатите во училиштата денеска не беше дискутирано. Епидемиолошката состојба во училиштата секако дека е постабилна. Направен е скрининг, скринингот покажа дека 0,8 проценти е трансмисијата помеѓу оние ученици коишто се избрани по случаен избор, меѓутоа би требало да земеме предвид една важна работа, а тоа е дека скринингот е направен додека важеше мерката за носење на маските во училиште, не е направен скрининг без маски во училиште и со таква мерка имаме таква трансмисија на вирусот. Дали би можеле да очекуваме исти резултати кога би ја укинале мерката, кога би ја промениле епидемиолошката состојба актуелна на теренот, тоа е нешто што епидемиолошки е нелогично ако се случи укинување на маските тогаш би требало да направиме веројатно нов скрининг и да се следи ситуацијата каква би била на трасмисија на вирусот доколку имаме такви нови околности, наведе Мехмедовиќ.
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
