Македонија
17. јуни 2017 - 14:34

Останете дома - УХМР со предупредување

До крајот на денешниов ден времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и со ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени.

Утрет ќе дува засилен северен ветер, кој на повеќе места повремено ќе достигнува брзина од 70 км/ч. Околу пладне ќе има и појава на повремен слаб дожд, особено во северните делови.  Температурата дополнително ќе опадне уште за неколку степени и ќе се движи од 18 до 26 степени.

Умерен до засилен северен ветер ќе дува и во понеделник, а потоа следува период на стабилно и топло време.