Осомничено едно лице за уништување на заштитениот појас на Охридското Eзеро
Основното јавно обвинителство Струга отвори предмет против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривични дела – Узурпација на недвижност од член 225 и Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости од член 264 од Кривичниот законик.
Осомничениот во повеќе наврати, започнувајќи од август минатата година, ангажирал лица да вршат ископ, тампонирање со земја и други материјали на крајбрежјето на Охридското Eзеро, со што извршил узурпација на природното езеро и уништување на добра и природна реткост.
Осомничениот спротивно на Законот за заштита на природата преку спомнатите активности преземени во појасот на трски и крајбрежјето, ја зголемувал земјишната површина и го уништувал заштитениот појас трски и Охридското Eзеро кои претставуваат живеалишта за ендемични видови. Имено, Охридското Eзеро е класифицирано како споменик на природата, а согласно законите, во нeговата непосредна близина не се дозволени активности кои ги загрозуваат неговите обележја и вредности.
По отворањето на предметот против осомничениот во август 2018 година, надлежниот јавен обвинител презеде дејствија во насока на утврдување на фактите. Констатирано е дека активностите кои ги презел осомничениот се вршени на земјиште во сопственост на Република Северна Македонија и дека за истите тој не поседува соодветни дозволи.
Основното јавно обвинителство Струга во континуитет презема дејствија за целосно расчистување на кривично правниот настан.
Ново на Сител
-
Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара
-
Кривична против 39-годишник, ја следел неговата поранешна партнерка и упатувал закани преку пораки
-
Кривична за сопственик на фирма, работник без работна дозвола се заглавил во работна машина и починал
-
Лишен од слобода албански државјанин на ГП „Блато“, понудил поткуп на полицаец
-
ОЈО отвори истрага против 21-годишен скопјанец, во претрес на таванска просторија во зградата каде живеел пронајдена дрога и оружје
-
Малолетник нападнат од неколку лица на автобуска станица во Центар
-
Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан
-
Бесент: Мислам дека Путин е воен злосторник, но со него треба да преговараме