Осомничените за убиството на Вања Ѓорчевска спроведени во Кривичен, обвинителство бара продолжување на притворот
Во Основниот кривичен суд во Скопје вечерва беа спроведени четворицата осомничени за убиството на Вања Ѓорчевска, каде судија на претходна постапка ќе треба да одлучи по предлогот на обвинителството за продолжување на мерката притвор.
Четворицата се спроведени од Истражниот затвор во Шутка, каде тројца се во притвор како осомничени за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, откако Судот претходно го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и им определи мерка краткотраен притвор од 48 часа, поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и сторување ново кривично дело, додека таткото на 14-годишното девојче е осомничен дека споделувал информации со останатите осомничени за нејзиното излегување од дома.
Осомничени за нејзиното убиство, покрај таткото, се Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои се дел од партијата Десна на првоосомничениот, Љупчо Палевски - Палчо, кој е во бегство и надвор од државата и за кого е донесена наредба за спроведување истрага и издадена меѓународна потерница.
ОЈО Скопје претходно денеска до судот поднесе и предлог за определување мерка краткотраен 48-часовен притвор и против 46-годишен скопјанец под сомнение дека извршил помагање на Љупчо Палевски - Палчо, првоосомниченниот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежов, да избега во Турција, преку Бугарија и Србија.
Малолетната Вања беше пронајдена мртва на 3 декември во близина на Скопје, по пријавата за нејзино исчезнување на 27 ноември годинава.
Ново на Сител
-
Кумановец со „молотов коктел“ запалил трева во Средорек
-
Три лица се приведени за управување на возило под дејство на алкохол
-
Израел ги проширува операциите во централна Газа
-
Трипуновски: Земјоделците, задругите и преработувачите да ја поддржат кампањата „Македонско најдобро”
-
Успешно евакуиран повреден планинар кај камењарот на Пелистер
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за мир во Украина, но сака да ги постигне своите цели
-
Мицкоски: На потегот од Климештани до Охрид вклучени 1 100 -1 200 работници, над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери
-
Загина мотоциклист од кумановско Лопате на автопатот Табановце-Куманово