Осомничениот Зенкович во целост ја признал вината околу атентатот врз Лукашенко
Адвокатот Јури Зенкович, кој е уапсен под сомнение дека подготвувал атентат врз белорускиот претседател Александар Лукашенко и дека подготвувал државен удар, во исказ во истрагата ја призна вината, изјави шефот на истражниот оддел на КГБ на Белорусија, Константин Бичек.
-Зенкович преземал конкретни обиди за регрутирање, поткупување припадници на вооружените сили кои за парична награда биле подготвени да учествуваат во насилно соборување на владата. Тој во моментов е во истражен затвор и, како што реков, е обвинет. Обвинетиот сега активно сведочи за сите околности на незаконското постапување што го сторил, изјави Бичек за телевизијата „Белорусија 1“, пренесуваат руските медиуми.
Истовремено, началникот на белоруската КГБ изјави дека е поднесено обвинение против уште четворица притворени за обид за подготовка на атентат врз шефот на државата и за изведување државен удар.
-Тоа е заговор насочен кон преземање на власта на неуставен начин. Сите обвинети признаа, додаде тој.
Лукашенко пред пет дена сооопшти дека опозиционерот Григориј Костушев, политикологот Александар Федута и адвокатот Јуриј Зенкович планирале да го убијат него и неговите синови. Тој ги обвини американските разузнавачки служби и американското државно раководство за организирање на обидот за атентат.
Според директорот на КГБ за Белорусија, Иван Тертел, пучот бил планирано да се изведе во јуни или јули годинава.
Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки синоќа демнатираше дека САД биле вмешани во наводниот заговор за убиство на Александар Лукашенко.
-Можам да потврдам дека всушност сето ова нема основа, рече Псаки запрашана за наводите од обввиненијата.
Ново на Сител
-
Производителите на пченица бараат повисоки откупни цени – откупувачите не даваат
-
Тема на денот со Горан Благоев, верски аналитичар и историчар од Софија
-
Коце Трајановски нов директор на Државни патишта, СДСМ критикува
-
Чибишев и поднел пријава на Бесија Иљази зошто незаконски им исплатила 650.000 денари на договорците
-
Судскиот совет има напредок, но и уште многу работа - Реакции на меѓународната заедница
-
Радев: Мицкоски нема познавање од меѓународно и уставно право
-
Приватните превозници нема да возат, бараат исплата на долг од над 2 милиони евра
-
Ни волшебно стапче нема да помогне за учениците во седмо одделение да имаат нови учебници