Осомничен за фемицид во Грција, пронајден и уапсен во Северна Македонија
– Пакистанец осомничен за фемицид, односно за убиство на неговата девојка во Грција, синоќа, заедно со група нелегални мигранти бил откриен и уапсен во Северна Македонија и предаден на грчките власти, јави дописничката на МИА од Атина.
Пакистанецот на околу 20- годишна возраст беше главниот осомничен за убиството на неговата 17-годишна девојка, што се случи во вторникот во атинска населба и оттогаш му се изгуби секаква трага.
Преку тесната и континуирана соработка на полициите на двете земји, резултираше со апсење на осомничениот Пакистанец.
Од грчкото Министерство за цивилна заштита во чија надлежност е полицијата, соопштија дека имале информации дека осомничениот се наоѓа во северна Грција, со цел да избега во некоја од земјите од централна Европа.
-Полициските власти во северна Грција веднаш стапија во контакт со соодветните служби од балканските земји и постоеше континуирана и тесна соработка, а се зајакнаа и контролите на граничните премини. Како резултат на засилените контроли, беше откриена група нелегални имигранти во Северна Македонија, во која е утврдено дека беше и осомничениот сторител на грозоморното убиство, соопштија од надлежното грчко Министерство.
Пакистанецот е веќе предаден на грчките власти, а министерот за цивилна заштита на Грција Такис Теодорикакос преку социјалните мрежи информираше дека „осомничениот за убиството на 17-годишната Николета во Атина, ќе биде изведен пред надлежниот обвинител“.
Ново на Сител
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
