Основниот буџет на Штип во 2017 година ќе биде зголемен за 5 отсто
Општина Штип го проектираше буџетот за наредната година. Раководителот на секторот за финансии во општина Штип, Трајче Цветков денеска изјави дека вкупниот буџет на општината со блок дотациите ќе изнесува 946 милиони денари, а основниот буџет 507 милиони денари.
- Вкупниот буџет бележи покачување од 1,5 отсто во однос на претходниот буџет, додека основниот буџет ќе биде зголемен за 5 отсто. Секако и во овој буџет најголем удел имаат капиталните инвестиции и тоа со учество од 43 отсто, така што можеме да кажеме дека главната карактеристика на буџетот е развојниот елемент, изјави Цветков.
Тој истакна дека средствата од новиот буџет се предвидени за изградба на инфарструктурни проекти кои се нотирани во двете развојни програми што се донесени од страна на советниците во Советот на општина Штип.
- Тоа се обиколницата меѓу улиците „Гоце Делчев“ и „Борис Крајгер„ што ќе го поврзува индустрискиот дел со населбите Сењак, Баби и регионалниот пат до општина Карбинци. Втората програма за развој е асфалтирање и реконструкции на улиците во село Караорман. Овие две програми ќе бидат во износ од 65 милиони денари, рече Цветков.
Во буџетот на општина Штип за 2017 година се предвидени и реконструкција и изградба на улици во градот Штип, како и изградба на нови тротоари. Има и ставка од три милиони денари за финансирање на локалните избори во 2017 година, кои согласно законот се обврска на секоја локална власт.
Предлог буџетот на општина Штип за 2017 година ќе се донесе од страна на советниците во Советот на општина Штип на последната седница, која вообичаено се одржува на крајот на декември.
Ново на Сител
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Дигитална трансформација на јавните комунални претпријатија
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Агелер: Нема репреговарање на Договорот од Преспа и напредокот кон ЕУ
-
Детектор: Македонските граѓани сакаат членство во ЕУ, но не по цена на Бугари во Уставот
-
Бугарија задоволна од пописот во Албанија, Грција бара почитување на малцинствата