Бизнис
27. јуни 2024 - 16:34

Пензионерите со нови услови

Пензионерите сметаат дека освен најавеното зголемување на пензиите од 2 пати по 2.500 денари, што го најави премиерот Мицкоски, треба да има и други покачувања согласно зголемените трошоци за живот и зголемената инфлација, која веќе го потрошила и ова зголемување за кое пензионерите се борат скоро една година. Сметаат дека треба треба да има и некоја разлика во покачувањето помеѓу највисоките и најниските пензии затоа што разликаат била огромна.

„Понатаму како ќе одат цените, како ќе диктира пазарот ќе видиме дали ќе стигнат или нема да стигнат. Јас мислам дека 80% кај малите пензии нема да стигнат парите. Ќе треба да има нова корекција на пензиите согласно трошоците за живот и зголемените цени“, додаде еден пензионер.

„Малку се по 2.500 денари, по 5.000 денари треба на два пати. Ама не на сите, мора да има разлика. Не може некој да зема 10.000 денари пензија некој 60.000 денари, катастрофа“, рече друг пензионер.

На ист став се и од Здружението на пензионери кои протестираа скоро една година, иако сепак сметаат дека требало да се исполни ветувањето и веднаш да се покачи основицата за 5.000 денари, а не на 2 пати по 2.500. Сепак и за нив е најважно да има и друго процентуално зголемување и во септември согласно трошоците на живот. Бараат овие усогласувања на пензиите со трошоците да живот наместо како досега во март и септември да се прават со јануарската и јунската пензија, затоа што досега им се крателе 4 месеци.

Дел од пензионерите се задоволни и со сегашната одлука на Владата.

„Презадоволни сме оти, на два пати на два пати. Еве кажа премиерот буџетот е празен, пари нема. Сега со ребалансот ќе има пари. Тие не откажуваат дека ќе дадат. Сега од кај најдоа овие 5.000 денари, а овие досегашните само 500 денари“, вели еден пензионер.

„Тоа не е можно така наеднаш, сега тие дојдоа. Знаете кога некој си оди ги празни касите не ги полни“, вели друг пензионер.

„На два пати на два пати нема проблем“, истакна трет пензионер.

Од Здружението на пензионери кои протестираа за зголемени пензии за идната недела најавија одржување собрание на кое јавно ќе ги изнесат своите

ставови.