Основан заеднички полициски центар на Црна Гора, Албанија и Косово
Црна Гора, Албанија и Косово основаа синоќа заеднички центар за полициска соработка кој ќе унапреди размена на информации и зголеми безбедност на заедничките граници за да се исполнат шенгенските стандарди, соопшти црногорското МВР.

Протоколот за основање на центарот го потпишаа министрите за внатрешни работи на Црна Гора и Албанија, Мевлудин Нухоџиќ и Дритан Демирај и заменикот министер за внатрешни работи на Косово, Валдет Хоџа.
Со тоа се придонесува за унапредување на прекуграничната соработка во доменот на борба против криминалот со интензивна размена на оперативни информации и поефикасна координација на заенички активности долж границите. Нухоџиќ смета дека трилатералниот центар симболизира посветеност на борбата против трансграничен организиран криминал и заеднички придонес во јакнење на безбедноста на регионот.
Ново на Сител
-

Високите температури го зголемија ризикот од труење со храна - на инфективна секојдневно имаат пациенти
-

За 30% зголемен бројот на повици во Итната помош Прилеп, недостасува кадар од сите профили
-

Овчата сипаница го пустоши сточниот фонд
-

Засилени акциските контроли во водите на Охридското Езеро
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер на МСПДМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче цврсто против гласање на дијаспората - Мицкоски: СДСМ бара алиби за изборните порази
