Основачите на ВМРО-ДПМНЕ повикаа да се гласа „ЗА“ на референдумот

Основачите на ВМРО-ДПМНЕ предводени од Љубчо Георгиевски, Гојко Јаковлески, Димитар Димитров, Љубе Бошковски, Горан Рафајловскли, Ѓулистана Марковска, Љупчо Балковски... денеска преку писмо до јавноста ги повикаа граѓаните на Македонија да излезат на референдумот на 30 септември и да гласаат „ЗА“ .
- Договорите со Бугарија и со Грција за Македонија значат нејзина промоција во рамноправна сосетка и членка на НАТО и ЕУ, со регионално и меѓународно признат македонски идентитет и јазик. Тие значат поврзано национално и регионално помирување, безбеден и отворен простор за инвестиции, за соработка и комуникации. Со тие договори, Македонија од предмет на манипулација, од монета за поткусурување, се издигнува вo промотор на врвни европски вредности. Меѓународни експерти и политичари ги истакнуваат како пример за решавање на спорови меѓу држави, се наведува во соопштението на основачите на ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, учеството и чинот на изјаснување по прашањето „Дали сте за влез во НАТО и ЕУ со прифаќање на договорот со Грција“ на претстојниот референдум, што ќе се одржи на 30 септември 2018 година, е директно и природно продолжение на првиот референдум од 8-ми септември 1991 година.
- Со тоа се довршува конечното меѓународно етаблирање на нашата татковина, Република Македонија, велат основачите на најголемата опозициска партија во Македонија
Тие во соопштението наведуваат дека се свесни за историската важност за прифаќање на Договорот со Грција посебно во овие моменти кога сме на, како што велат, крстопатот пред кој сме исправени. Потенцираат дека сонот на нашата земја, уште од првото утро на независна Република Македониа е зачленување во ЕУ и НАТО.
МИА
Ново на Сител
-

Етна повторно исфрла пепел, илјадници туристи блокирани на Сицилија
-

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените
-

Јаневска: Учебниците ќе бидат навреме доставени, вештачката интелигенција треба да се користи етички во образованието
-

Пронајден револвер со куршуми во скопско, лишено од слобода едно лице
-

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци
-

Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство, едно семејство со хумана одлука спаси два живота
-

ЦУК: Активни два пожара на отворен простор, изгаснати 12 до 18 часот
-

Ѓорѓиевски: Скопје има безбедна вода за пиење
