Осмомартовска работилница во градинката „Бамби“ во општина Аеродром
Младите волонтери на Црвениот крст, воспитниот тим и децата од сите возрасни групи од објектот „Бамби“, градинка „Срничка“ во општина Аеродром реализираа креативна работилница за изработка на осмомартовски честитки наменети за продажба.
Хуманитарниот настан се одржа во градинката, како дел од проектот „Црвен крст во акција - промоција на хумани вредности“.
Во хуманитарната акција, како што информира општина Аеродром, се приклучиле и родителите кои дома со своите дечиња подготвиле колачи и други слатки подароци. Сите изработки биле изложени на продажна изложба, а собраните парични средства се за помош на најразлични целни групи.
Хуманитарните акции во градинката „Срничка“ се спроведуваат секоја година во рамки на проектот „Хуманост на дело“, со цел децата да научат да бидат солидарни и да помагаат.
Ново на Сител
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати
-
Тема на денот со Борче Треновски, професор
-
Сведочење на Палевски
-
Венко Крстевски ќе раководи со Кочани до локалните избори
-
Осомничениот Дритон Куќи се врати во Македонија, истрагата за пожарот во Кочани продолжува
-
Левица поднесе интерпелација за Тошковски