Османи за „Катимерини“: Позицијата на Атина е позитивна

Грција имаше многу позитивен став на Самитот на ЕУ во октомври, вели вицепремиерот за европски прашања Бујар Осамни за грчкиот весник „Катимерини“.
– Го потенцирам ова, бидејќи вашата земја ја претставуваше новата Влада и сите се плашевме дека ќе има поразличен пристап. Но, ни понуди целосна поддршка за почеток на преговори, нагласува Османи.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, вицепремиерот истакнува дека негативниот став на ЕУ во октомври предизвикал „шок и нервоза“ во земјата, додавајќи дека со решавањето на спорот со името очекувањата биле дека ќе се види светло на крајот од тунелот, но се покажало дека тоа било „воз што доаѓа да нè урне“.
– Тешките договори што ги постигнавме во мандатот на оваа влада – Преспа, Договорот со Бугарија, законот за албанскиот јазик, беа направени со разбирање дека ако ние ги почитувавме нашите обврски, истото потоа ќе го направеше и ЕУ. Единствениот логичен исход на позитивниот наратив што го изградивме во овој период во координација со ЕУ е почеток на пристапни преговори. Недонесувањето одлука ќе претставува интервенција на ЕУ во изборниот процес, оценува Османи.
Говорејќи за грчкиот весник од Брисел, во однос на Договорот од Преспа, Османи коментира дека е тоа „договор за стратешка партнерска врска“ што создава „бесконечни можности за соработка“.
Османи изјавува дека договорите со Грција и Бугарија и новиот закон за албанскиот јазик се завршена работа и „нема враќање“.
Тој нагласува дека ДУИ ќе биде гаранти на „трите договори“, независно која партија да победи на изборите. Пренесувајќи ги ставовите на Османи, „Катимерини“ наведува дека тој би сакал „да го види раководството на националистичкото ВМРО да ја следи праксата на Мицотакис, обврзано дека ќе го почитува договорот, ако одново дојде на власт“.
Ново на Сител
-

Рускиот претседател Путин во официјална посета на Кина
-

Петмина убиени во пукотница во џамија во Сан Диего, двајца од мртвите се осомничени извршители на нападот
-

Скопје домаќин на Форумот на стратегијата на Европската унија за Јадранско-јонскиот регион
-

Руските сили пресретнале и уништиле 315 украински дрона, трет дрон уништен пред Москва
-

Хавана ја нарече „неморална и криминална“ американската политика на блокада на Куба
-

Најмногу дожд во Охрид, најстудено на Попова Шапка
-

Инзаги ќе го напушти Ал-Хилал
-

Артета по победата над Барнли: Вие навивачите сте душата на клубот
