-->
  
  
  
  
	-->
  
  Османи: вработените во МНР ќе користат електрични тротинети
  
-->
  
   Вработените во Министерството за надворешни работи (МНР) ќе користат електрични тротинети, како пример за одговорно однесување кон животната средина и проблемот со аерозагадувањето. Според министерот за надворешни работи Бујар Османи, со вакви примери помагаат на околината и на природата.
 Вработените во Министерството за надворешни работи (МНР) ќе користат електрични тротинети, како пример за одговорно однесување кон животната средина и проблемот со аерозагадувањето. Според министерот за надворешни работи Бујар Османи, со вакви примери помагаат на околината и на природата.Тој денеска на својот фејсбук профил напиша дека практичноста од употребата на ваков тип на превозни средства се добива со едноставен преглед на локациите на државните институции, при што, според него, веднаш се забележува дека во дијаметар од 1-2 километри се наоѓаат 90 проценти од нив кои секојдневно се упатени на соработка, состаноци и координации.

-Зелена дипломатија – новото нормално. За вакви секојдневни кратки дестинации, треба да се обидеме, колку можеме повеќе и колку ни дозволуваат околностите, да се користи велосипед, електричен тротинет, пишува Османи на ФБ.

Тој додаде дека преку вакви примери, си помагаме себе си, ќе им ослободиме простор на другите, ќе ѝ помогнеме на околината и на природата, за да имаме почиста животна средина.
  
-->
  
  
  		
		-->
  
	
  
		-->
  
	Ново на Сител
-   
           Приведено лицето кое пукало кон стан во Струга, кај него пронајдени куршуми и дрога
-   
           Рокас: Кога жените водат, мирот трае
-   
           Во штипскиот Затвор утре право на глас имаат 92 осуденици од 23 општини
-   
           Мисајловски: Во Армијата постојано се зголемува бројот на жени, во МО над 50 проценти се жени на раководни позиции
-   
           Два лека против згрутчување на крвта од крајот на ноември ќе може да се земаат на рецепт во аптека
-   
           Сиљановска-Давкова на одбележувањето 25 години од Резолуцијата 1325 на ОН: Лани само седум отсто од преговарачите во мировните процеси биле жени
-   
           Мицкоски: Вториот изборен круг нека биде нашата јасна победа, не само во бројки, туку победа во свеста
-   
           Орбан ќе бара од Трамп ослободување од американските санкции за руската нафта







