Османи во работна посета на Хрватска
Министерот за надворешни работи Бујар Османи својата работна посета на Хрватска денеска ја започна со средба со премиерот Андреј Пленковиќ, кому му се заблагодари за континуирана хрватска поддршка и исклучителниот ангажман за време на нејзиното претседавање со Советот на Европската унија, под чија палка беше постигнат консензус и беше донесена одлуката за почеток на пристапните преговори со Република Македонија и Република Албанија.
-Ние во пријателска Хрватска имаме искрен партнер, традиционален поддржувач на нашите аспирации за интегрирање во европското семејство. Особено го цениме фактот што Хрватска во сиот изминат период цврсто веруваше во Република Македонија, како важна алка во создавањето и одржувањето на стабилноста во регионот, нагласи Османи.

Како што се наведува во соопштението од МНР, хрватскиот премиер Пленковиќ истакна дека Хрватска ќе продолжи со силната и одлучна поддршка за евроинтеграцијата на Македонија, гласно ќе се залага во процесот на усогласување на преговарачката рамка и формалното започнување на пристапните преговори со одржувањето на првата Меѓувладина конференција, до крајот на оваа година.
Во текот на денот Османи ќе оствари средба и со својот хрватски колега, Горан Грлиќ Радман, а во рамките на посетата, ќе оствари посета и на хрватскиот Сабор, каде ќе се сретне со претседателот на парламентарниот одбор за надворешна политика Гари Капели, претседателот на одборот за европски прашања Домагој Хајдуковиќ и пратеничката Ермина Лекај Прљаскај, која ги претставува македонското, албанското, црногорското, бошњачкото и словенечкото национално малцинство.
На маргините на посетата на Хрватска, министерот Османи се очекува да има интервју за угледниот хрватски неделник „Национал“.
Ново на Сител
-

Почина италијанскиот моден креатор Валентино
-

Мицкоски од Давос: Ќе имаме бројни состаноци за нови инвестиции и подобрување на економската состојба
-

Македонската фудбалска репрезентација остана на 66. место на ФИФА рангирањето
-

Бугарскиот претседател Румен Радев објави дека утре ќе поднесе оставка
-

Датумот за вонредниот самит на ЕУ е потврден - 22 јануари
-

ЦИК на Косово: Се повторува пребројувањето на сите гласови од парламентарните избори одржани во декември лани
-

Македонците во Албанија го одбележаа Богојавление, во Пустец крстот го фати Данко Марко
-

Жител на Радичево починал откако паднал во шахта
