Османи во Брисел: Првото поглавје ќе го отвориме за време на хрватското претседателство
Одлуката за старт не преговорите во октомври се поклопува со стартот на претседавањето со ЕУ од страна на Хрватска во јануари следната година, кога очекуваме и да го отвориме првото поглавје со ЕУ во рамките на преговорите, истакна денеска вицепремиерот задолжен за европските прашања Бујар Османи во Брисел, кој работната посета таму ја почна со средба со претставничка на Република Хрватска во ЕУ, Андреја Метелко-Згомбиќ.
Тој пренесе благодарност до Згомбиќ за континуираната поддршка која Хрватска ѝ ја обезбедува на Република Северна Македонија.
-Како дел од регионот, но и како дел од заедничката историја, Северна Македонија и Хрватска негуваат континуирани пријателски односи, во интерес не само на двете земји, туку и на целиот Балкан, а во насока на промоција на европската идеја во регионот, истакна Османи.
Османи за време на престојот во Брисел, каде ќе оствари средба со Федерика Могерини, високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателката на Европската Комисија, каде ќе биде реафирмирана подготвеноста на земјата за старт на преговорите.
Во агендата на Османи е и средбата со директорката за Западен Балкан во рамките на Генералниот Директорат за соседство и проширување во Европска Унија, Геновева Руиз Калавера.
Работната посета на Брисел е дел од турнејата на Османи за посета на метрополите на земјите членки на ЕУ, по која следат посетите на Берлин и Варшава кон крајот на неделата.
Ново на Сител
-
Тошковски: 24 години ЕБР- врвна професионална единица која секогаш и секаде ја чува Македонија
-
Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“
-
Емине Ердоган ја повика Меланија Трамп да изрази сочувство и за децата во Појасот Газа
-
Најмалку 25 луѓе загинаа при израелските напади врз Појасот Газа
-
Македонските кошаркарки поразени од Бугарија на кадетското ЕП
-
Министерството за правда на САД објави сведоштва на партнерката на Епстајн, но не и списокот на клиенти
-
Популацијата во Грција се намалила за околу 500 илјади лица во периодот 2011-2024 година
-
Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите