Османи: Северна Македонија не смее да го пропушти возот за ЕУ
Министерот за надворешни работи на Северна Македонија и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи учествуваше на дебата, организирана од страна на Институтот БИРС, што се одржа со студентите на Државниот универзитет во Тетово (УТ), на тема „Дали го пропуштаме возот за ЕУ?“.
-Османи вели дека е оптимист оти уставните измени ќе бидат донесени до крајот на годината и оти земјата ќе остане на патот за забрзана интеграција во Европската унија, изразувајќи уверување дека процесот треба да се заснова на меритократија, но со достатно разбирање за актуелниот геополитички момент, пренесува МНР.
-Членка на ЕУ станувате кога ќе ги исполните условите, но во одредени геополитички моменти. Ако сте ги исполниле условите, но не е вистинскиот геополитички момент, тогаш вратата е затворена. Железната врата на ЕУ сега се отвора поради руската агресија во Украина. Ќе влезат земјите што се подготвени, потенцирал Османи во обраќањето пред студентите.
Тој укажал и дека секоја земја од регионот имала свои предизвици на патот кон членството во ЕУ, а уставните измени се наша домашна задача што сме ја презеле со Преговарачката рамка меѓу нашата држава и ЕУ.
-Османи истакна дека уставните амандмани се од суштинско значење за продолжување на пристапниот процес во ЕУ, но и избегнување на вклучувањето на идентитетски и историски прашања во текот на овој процес, заклучувајќи дека прекинувањето на нашите евроинтеграции е историска грешка која не смееме да си ја дозволиме во овој миг, пренесува МНР.
Ново на Сител
-
До четврток стабилно и релативно топло време
-
Отворен jавен повик за доделување финансиска поддршка за нови дестинации од аеродромите во земјава
-
Прегазена скопјанка, возачот избегал од местото на несреќата
-
Тажна вест: Ненадејно почина кошаркарскиот делегат Ерхан Ќахил - Еко
-
УЈП: Закуподавачите да го пријават приходот остварен од издавање имот
-
Триесетдневен притвор за терористичката група од Струга и Гостивар која планирала терористички напади
-
Државна лотарија со караван ја носи новогодишната магија во Скопје
-
Уапсени 7 лица членови на групите Дуќанџик и Арачиново, пронајдени пари, оружје...