Османи: Се надевам дека истрагата ќе се одвива темелно, да се одредат вистинските причини за трагедијата
Се надевам дека оваа истрага ќе се одвива темелно, да се одредат вистинските причини за трагедијата и доколку навистина има човечки фактор зад тоа, да се преземат сите неопходни мерки. Вчера имаа прес-конференција и министерот за транспорт и министерот за внатрешни работи, ги кажаа своите ставови и најкомпетентно е сепак тие да кажат став по однос на тоа кој има одговорност, дали има одговорност, изјави денеска во Софија министерот за надворешни работи Бујар Османи.
– Според информациите коишто ги имам, истрагата е во тек, ја водат државните власти во Република Бугарија, наши претставници има во тие екипи да помогнат. Ние имаме можности дополнително доколку се појави потреба да таква експертиза. Ви ја кажав ситуацијата во делот со идентификацијата, со судската медицина. Нашите експерти се тука од вчера, меѓутоа вчера не им било дозволено затоа што се бара дозвола од бугарското обвинителство. Пуштивме нота вчера, со барање официјално, таа нота беше попладнето, очекуваме утринава обвинителството да им дозволи на Институтот за судска медицина во Софија да се вклучат нашите професори, рече Османи.
Во однос на информациите дали автобусот немал лиценца, Османи рече дека министерот за транспорт вчера имаше прес-конференција и кажа дека има три нивоа на сертифицирање – компанијата, возилото и возачот.
– Изгледа дека возилото не е регистрирано во нашиот центар, конкретното возило, а не на компанијата. Но, сепак, не очекувајте од мене такви детални информации, сепак мојата улога е поинаква во овој процес, истакна Османи.
Во одговор на новинарско прашање дали разговарал со повредените околу несреќата, Османи рече дека дел од нив се во тешка психичка состојба.
– Тие целосно ја паметат приказната, сето тоа што се случи. Дел од нив се во тешка психолошка состојба на коишто им е потребна професионална помош. Затоа јас презедов обврска ако треба и од Скопје да донесеме заради јазичните бариери евентуално да можат да им помогнат луѓето да ја пребродат полесно состојбата. Се што треба, ако проценат лекарите да донесеме од Скопје ние тоа ќе го направиме. Затоа јас сум тука денеска за да олеснам секој вид на координација, додаде министерот за надворешни работи кој и денеска ќе остане во Софија за координација во врска со несреќата.
Ново на Сител
-
„Еурактив“: Косовска лекција не учи зошто на Газа и е треба нешто повеќе од протекторат
-
Волстрит џурнал: САД ќе ѝ обезбедат на Украина разузнавачки информации за напади со ракети со долг дострел во Русија
-
Кошта: Мораме заеднички да се соочиме со заканите и да изградиме „Европа на одбраната“
-
Бројот на жртви од земјотресот на Филипините се искачи на 72
-
Студено со врнежи од дожд
-
Сообраќајот тековно, по влажни коловози
-
Мицкоски до ДУИ: Јас не сум албанофоб, туку криминалофоб кој презира криминалци кои во политиката влегоа голтари, а излегоа милионери
-
Од турист до амбасадор на скриени убавини во Македонија | Фин Вотшов | Sitel Podcast 116