Османи: Регионот очекува многу од хрватското претседателство со ЕУ
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска оствари работна средба со новата aмбасадорка на Република Хрватска во земјава, Нивес Тигањ.
Средбата се остварува непосредно по вчерашното преземање на Претседателството со Советот на ЕУ од страна на Хрватска која ќе претседава во наредните шест месеци.
– Честитки за вашата нова позиција како амбасадорка на пријателска Хрватска во земјава. Навистина клучен период во кој ја преземате функцијата, за кој се надевам дека ќе можеме да го одбележиме и како историски за нашите две земји, особено за нашите европски интеграции, истакнал вицепремиерот Османи, стои во денешното соопштение од Секретаријатот за европски прашања.
Тој потенцирал дека Република Хрватска во континуитет изразува јасна поддршката за европските интеграции на Република Македонија, и воопшто, поддршка за европската приказна на целиот Западен Балкан.
– Очекувањата се навистина големи, и ние сме свесни дека Хрватска ќе ги вложи сите напори за да го задржи процесот на проширување високо на агендата на ЕУ, како дел од севкупната поддршка кон регионот, што е веќе потврдено со најавениот мајски самит на ЕУ тематски посветен на Западниот Балкан, изјавил Османи.
За време на средбата Османи и Тигањ соговорниците ја реафирмираа взаемната поддршка и пријателските односи меѓу двете земји, за кои изразија уверување дека ќе продолжат позитивно да се развиваат и во иднина.
Ново на Сител
-
Али: Локализиран пожарот над Лојане, селото целосно заштитено
-
Влеговме во Гинис и направивме реално шоу како се гради стартап | Сања Митровска | Sitel Podcast 109
-
На „Табановце се чека околу 40 минути за излез од државата
-
Поради пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
Полицијата ја спаси жената што се фрли во водите на реката Вардар
-
Коенигсег Џеско го победи Римак и си го врати рекордот за брзина за хиперавтомобили
-
Светот беше на чекор до победа над детската парализа, сега се заканува нејзино враќање
-
Германскиот канцелар Мерц ги поздрави напорите на Трамп за крај на војната во Украина