-->
-->
Османи: Разликите за законот за јавно обвинителство не се непремостливи
-->
Разликите околу законот за Јавно обвинителство не се непремостливи. Моментот е неповторлив. Политичките лидери ги знаат очекувањата на граѓаните и се договараат соодветно и ќе ги надминат своите почетни позиции за да се најде конечно решение.Ова го истакна вицепремиерот Бујар Османи пред почетокот на меѓународната конференција: „Добро управување и владеењето на правото во однос на перспективите за интеграцијата во ЕУ“ што се одржува во Скопје во организација на Универзитетот на Југоисточна Европа.
Сметам, додаде тој, дека политичките лидери ја сфаќаат важноста и никој нема да дозволи да не успееме во октомври.
– Затоа сум оптимист бидејќи прашањето е премногу важно за граѓаните. Со повеќе политичка волја може да се најде решение, истакна Османи.
На новинарско прашање зошто не присуствувал на синоќешната средба, вицепремиерот Османи рече дека како партија не биле присутни затоа што не се дел од проблемот.
– Како Влада имаме усогласен став по законот за јавно обвинителство и заедно го донесовме законот на владина седница. Во законот се инкорпорирани и ставовите на ДУИ, истакна Османи.
Тој додаде дека останало единствено прашањето за јазикот, што се третирало дополнително на собраниска Комисија со амандман, како и прашањето на одлучување со Бадинтер при изборот на раководителите на институцијата којашто треба да се формира.
Во однос на другите прашања, како што рече, имаат усогласен став.
Смета дека консензусот во овој момент е многу позначаен отколку кои било унилатерални ставови и планови.
– Сите големи реформски прашања во правосудството ги завршивме со консензус, рече Османи и потсети на решенијата што биле донесени со двотретинско мнозинство како Планот 3-6-9 и Планот 18.
Вицепремиерот посочи дека Европската комисија даде чиста препорака за почнување преговори и оти Советот на ЕУ ја прифати таа порака без давање дополнителни бенчмаркови за почнување преговори.
– Се разбира дека е важно законот за ЈО да го усвоивме пред октомври. Тоа што вчера имало долги разговори дава можност разликите да се објаснат и третираат на маса и можност да се продолжат разговорите за да се најде решение, рече Османи
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кремљ ѝ порача на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии
-

Едно лице загина во Париз по немирите по победата на ПСЖ во Лигата на шампионите
-

Во Конго и Уганда се потврдени 263 случаи на ебола
-

Николоски: Во Новаци инвестираме 1,2 милиони евра во изградба на индустриска зона и улици, се градат и првите две фабрики
-

МВР: Шест возачи приведени поради безобѕирно управување, дел под дејство на алкохол
-

МВР: Одобрение за патување во странство за деца до 14 години ќе се издава и во сабота
-

Четири лица лишени од слобода и еден службен разговор по седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Владата ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај
