Македонија
1. July 2021 - 12:59

Османи: Предлогот на ЕУ за јазикот е дека е кодифициран до 1945

Унилатералната изјави која Македонија треба да ја даде во однос на јазикот, за надминување на спорот со Бугарија е дека македонскиот јазик е кодифициран во 1945 година и само тоа, без други формулации.

Ова е коментарот на министерот за надворешни работи Бујар Османи за тоа што треба да содржи македонската изјава согласно португалскиот предлог односно дали оваа изјава се однесува само на тоа дека јазикот е кодифициран во 1945 или пак на тоа дека македонски јазик кој постои одамна е кодифициран во 1945.

Бугарија пак треба исто така да даде своја изјава за тоа како гледа на македонскиот јазик. Притоа Османи вели дека идентитетските прашања, меѓу кои и јазикот, никогаш не биле преговарани на билатерално ниво меѓу Скопје и Софија. Шефот на македонската дипломатија рече дека во моментов во разговорите се дефинираат деталите од патоказот.

 

Катерина Нешкова

Ново на Сител