Османи: По Шведска, на ред за прием во НАТО се Косово, Украина и Босна и Херцеговина

Претседателката на Косово, Вјоса Османи ја поздрави поддршката што ја даде претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган за зачленување на Шведска во Северноатлантската алијанса, јави дописник на МИА од Приштина.
По синоќешната изјава на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, дека Ердоган се согласил да ја поддржи Шведска за членство во Алијансата, Османи на својата официјална страница на Твитер напиша дека НАТО сега треба да им ја отвори вратата и на Косово, Украина и Босна и Херцеговина.
- Извонредна вест. Редот е за Косово, Украина и Босна и Херцеговина во НАТО, за едно побезбедно и постабилно НАТО и побезбедна и постабилна Европа, напиша Османи.
Шефот на НАТО, Столтенберг вчера во литванската престолнина Вилнус, каде што денеска и утре ќе се одржи самитот на НАТО, рече дека претседателот Ердоган му најавил оти барањето на Шведска за членство во Алијансата ќе го пренесе на Парламентот на Турција и дека тоа ќе биде ратификувано.
Ново на Сител
-

На Инфективна починал 69-годишен пациент поради компликации од грип
-

Во Србија разгледуваат скратување на училишниот час на 30 минути поради намалено внимание на децата
-

Холандија предупредува: Царините на Трамп за Гренланд би можеле да го распаднат НАТО
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Македонските ракометари на мегдан против Португалија
-

АХВ со вонредни контроли во маркети и хипермаркети
-

Затвореници во Гватемала преземаа контрола врз три затвори, држат 46 лица како заложници
-

ЕУ за царините на Трамп: Европа ќе остане обединета во зачувувањето на својот суверенитет
-

Денеска е Водокрст - навечерие на Богојавление
