-->
-->
Османи - Пломп: Холандија отсекогаш била еден од најискрените поддржувачи на Македонија
-->
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Холандија, Валтер Пломп.
Како што информираат од Секретаријатот за европски прашања, вицепремиерот Османи потенцираше дека Холандија отсекогаш претставувала еден од нашите најискрени поддржувачи во евроинтегративниот процес обезбедувајќи помош на билатерално ниво за јакнење на институционалните капацитети, финансирање на постдипломски студии, поддршка на инфраструктурни проекти како и пренесување на искуствата на холандските експерти.
Османи го информирал амбасадорот за идните планови кои Владата планира да ги преземе во однос на адресирање на клучните приоритети и справување со предизвиците кои произлегуваат од реформската агенда на Владата. Заеднички е констатирано дека е особено важно да се испорачаат конкретни резултати како потврда за посветеноста на евроинтегративниот процес и враќање на состојбите во нормала.
- Важно е да се фокусираме на она што е реално остварливо и да го направиме процесот што е можно поинклузивен за секој да даде свој придонес во остварувањето на крајната цел да станеме член на европското семејство, истакна Османи на средбата.
Соговорниците констатираа дека се работи за неповторлива шанса која Македонија не смее да ја пропушти и изразија задоволство од реформската посветеност на новата Влада во исполнување на обврските преземени пред меѓународните партнери.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Роналдо би можел да потпише краткорочен договор со Манчестер Сити или Челси
-
Велигденско послание на Митрополитот Повардарски Агатангел
-
Тошковски: Првичните информации се дека неприлагодената брзина е причина за сообраќајката во Кичево
-
Словенечки суд го ослободи поранешниот премиер Јанша од обвиненија за корупција
-
Во завршна фаза рехабилитацијата на патот од Охрид до Св. Наум
-
На граничниот премин кон Србија се чека од 20 до 30 минути, а кон Грција до 15 минути
-
Извршен увид на местото на сообраќајната несреќа во која загинаа три лица, а осум се повредени
-
Алкараз трет полуфиналист во Барселона