Османи: Платите на политичарите се мали, но треба бидат последни на листата за зголемување
Потребно е зголемување на платите на политичарите бидејќи се ниски, а тоа е важно прашање и во борбата против корупцијата и за привлекување поквалитетни кадри во политиката, но тие треба да бидат последните на листата на граѓани кои што треба да имаат зголемување на платите, смета шефот на дипломатијата Бујар Османи.
Според Османи, граѓаните со најниски примања, мора да имаат предност, прво тие да добијат зголемување, а на крајот и политичарите.
„Од практичен аспект секој политичар што ќе каже дека не му е битна платата не остава добра порака, бидејќи веројатно тогаш има други извори. Јас немам други извори за егзистенција освен оваа плата. Секој би сакал да има поголема плата. Но од етички аспект, политичарите треба да бидат последни на листата на граѓани кои треба да имаат зголемување на платите, откако на сите ќе им се зголемат тогаш и на политичарите”, изјави Османи.
Тој додаде дека за оваа одлука ќе се расправа на седница на Влада, каде тој ќе предложи сите да добијат зголемување на платата, но предност пред политичарите да имаат граѓаните со најниски примања.
Ново на Сител
-

Почнаа меѓукоалициските консултации за смени во Владата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Познат доктор и поранешен градоначалник го одбил Филипче
-

Опозицијата ѝ понуди помош на Владата по корупцискиот скандал во Платежната агенција
-

Судењето за пожарот во Кочани почнува во среда, надлежните ветуваат ефикасност
-

Ѓорѓиевски: Затвореници на платен список во Комунална, истрагата да се прошири и во Град Скопје
-

ДКСК ги отфрли сите изборни предмети
-

Токсиколозите со предупредување - во сезоната на печурки внимавајте какви плодови собирате!
-

Се бара решение за 550 вработени во „Лукоил Македонија“
