-->
-->
Османи: Очекуваме чиста препорака од ЕУ, да се донесат реформските закони
-->
- Валоризација на целиот досегашен труд и чиста препорака за почеток на преговори за полноправно членство, очекува вицепремиерот Бујар Османи од претстојниот Извештај на Европската комисија (ЕК).Тој ова го соопшти преку својот фејсбук профил, во неделното видео - обраќање на македонски јазик, под кое оди титл на албански, нагласувајќи дека комуникацијата на двата јазика е лесно разбирлива и прифатлива. Воедно укажува и на, според него, непотребната хистерија што се создава околу употребата на јазиците.
Османи нагласува дека Извештајот што ЕК ќе го објави на 17 април, претставува и финале на Планот 3 - 6 - 9 со што завршува неговата имплементација, но и неговата реформска улога за враќање на државата на евроатлантскиот колосек.
- Иако Планот има задоволително ниво на имплементација и според моите сознанија од Брисел, првичната цел за која беше наменет е веќе остварена, некои од клучните реформски закони се уште чекаат консензус за нивно изгласување, истакнува Османи.
Тој апелира на зрелост, одговорност и разум до сите политички фактори во државата.
- Дозволете последен пат да апелирам, во наредните десетина дена да изградиме консензус и да ги усвоиме законите кои упатуваат на државен консензус и со тоа да ставиме точка на евроатлантската иднина на земјата. Ја сум убеден дека е тоа желба на нашите граѓани, нашите гласачи, независно од која партија доаѓаат. Со тоа станува и наша обврска, потенцира вицепремиерот.
Во обраќањето, Османи рече и дека со нетрпение ја очекува примената на новиот Закон за употреба на јазиците, не само поради фактот што се работи за очигледна придобивка на Албанците, туку и поради тоа што со Законот, како што истакна, ќе се демантираат сите закани и заплашувања кои се појавија изминатиот период.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт
-

13 лица повикани на информативен разговор поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
-

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
-

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
-

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати
