Османи: ОБСЕ да продолжи да ја разоткрива Русија и да ја осудува нејзината незаконска и неоправдана агресија

Војната во Украина мора да престане, таа го поткопува меѓународниот поредок заснован на правила, штети на нашата доверба, дијалог и капацитет за реализација. Ова, како што соопшти МНР, го порача министерот за надворешни работи, Бујар Османи, од Њујорк денеска во обраќањето во живо преку видео-телеконференциска врска на состанокот на Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена во засилен формат со учество на министри и други високи претставници на земјите учеснички по повод одбележувањето две години од тековната агресија на Руската Федерација против Украина.
-Кога Северна Македонија го презеде кормилото на ОБСЕ во јануари, минатата година, сите се надевавме дека до крајот на 2023 година руската агресивна војна против Украина ќе заврши. Овие надежи беа уништени од мрачната реалност на активната војна со застрашувачко темпо и опсег, рече Османи.
Исто така, министерот Османи истакна дека Северна Македонија, сега, како партнер на Тројката заедно со Малта и Финска, продолжува да повикува на почитување на вредностите и заложбите на ОБСЕ, како и на заштита на човековите права и основни слободи, грубо прекршени од Русите агресија.

Османи, се додава, повика ОБСЕ да продолжи да ја разоткрива Русија и да ја осудува нејзината незаконска и неоправдана агресија, да бара нејзино итно прекинување и да ги повикаат одговорните на одговорност.
-Имаме должност да се приклучиме и ефективно да ја поддржиме борбата на сите оние кои ја бранат слободата, демократијата и правдата. Мора да ја зајакнеме нашата отпорност и цврсто да одговориме на масовните прекршувања на принципите и вредностите на ОБСЕ, рече Османи.
Тој при тоа додаде дека Северна Македонија се солидаризира со народот на Украина.
-Храброста и решителноста на украинскиот народ да ја брани својата земја и својата слобода е најмоќниот случај и причина на денешницата, симбол на непопустливиот дух и издржливост, наведува Османи, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Вештак на судењето за „Пулс“: Дискотеката имала три влезови и излези, но не за евакуација
-

Ѓорѓиевски: Нов лик, подобри услови и поголема грижа - ЗОО Скопје се менува
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат – нови цени на горивата од полноќ
-

Во Албанија продолжуваат протестите, ЕУ бара одговорност
