Османи: НВО секторот клучен во реформите од Планот 3-6-9
Дебата за мерките содржани во делот 6 и 9 од Планот 3-6-9 со претставници на невладиниот сектор се одржа денеска во организација на Секретаријатот за европски прашања.
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи истакна дека принципот на инклузивност и транспарентност е еден од основните при подготовка имплементација и мониторирање на Планот.
- Невладиниот сектор има клучна улога во тој принцип на инклузивност и постигнување на национален, општествен, државен консензус во однос на реформите за нашите стратешки цели, европските и евтоатлантските интеграции, рече Османи.
Навладиниот сектор беше вклучен во делот на подготовката, имплементацијата и мониторирањето на делот 3 од Планот, а е вклучен и во целокупниот процес за останатите делови. Повеќе предлози и законски решенија содржани во стратегиите за реформите произлегле токму од невладиниот сектор. Тука е Законот за јавното обвинителство, односно улогата на Специјалното јавно обвинителство, Законот за капацитетите на Академијата за јавни обвинители и судии, како и некои измени во Кривичниот законик. НВО е вклучен и во реформите на безбедносните служби, како и во процесот на деполитизација на јавната администрација.
- НВО дава и супстанца и поттик на Планот 3-6-9 и цврсто сме убедени дека заеднички ќе направиме добар реформски план кој ќе биде прифатлив за сите и ќе ги даде вистинските решенија, рече Османи.
Тој повтори дека следните шест недели ќе ја определат судбината на следните шест месеци, а тие, пак, ќе ја одредат подолгорочната перспектива на европските и евроатлантските интеграции на земјата.
Планот за реформите Османи утре ќе го реферира пред амбасадорите на земјите членки на ЕУ, а потоа ќе почне и презентацијата пред сите институции.
- Мора да постигнеме национален консензус по ова прашање, нагласи вицепремиерот задолжен за европски прашања.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња