Османи: Никој нема да го штити Асани
Вицепремиерот, Бујар Османи, ги повика денеска надлежните да преземат мерки во врска со навредите и заканите што Беќир Асани од ДУИ му ги испраќал на претседателот на ЗНМ, Насер Селмани. Тој денеска го осуди однесувањето на Асани и рече дека ниту тој, ниту Владата, нема да штитат никого.
-Наша волја е да создадеме законска рамка за да можат новинарите да ја завршат слободно својата работа, и политичка волја да осудиме и да им помогнеме на новинарите во остварувањето на нивните задачи. Ова го правиме без никакво двоумење или заштита на кој било вклучително и највисок претставник на некоја политичка партија, така што немаме дилема во тој дел – рече Османи.
Во врска со Законот за употреба на јазици, Османи додаде дека пакетот реформски закони не доцнат од тие причини, туку затоа што опозицијата одлучи да ја бојкотира работата на Собранието.
-Во последно време имаме најави дека опозицијата ќе ги спречи реформите во правосудството ако се изгласа законот за јазици, а тоа е врвот на несериозност. Изјавата да се собереме моноетнички за да спречиме нешто од рамковниот договор е страшна – додаде тој.
Вицепремиерот подвлече дека Владата има одлучено што сака да постигне на крајот од мандатот, а тоа, како што рече, е Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО.
-Нема да направиме компромис со овие цели и со плановите кои сме ги поставиле за постигнување на истите, а новата структура на ВМРО-ДПМНЕ не смее на овој начин да подига меѓуетнички тензии – изјави Османи.
Ново на Сител
-

Мерц: Поддржете ја мојата пензиска реформа или ќе пропуштите шанса што се случува еднаш во генерација
-

УЈП: Наближува рокот за поднесување на првите даночни пријави врз основа на Законот за минимален глобален данок на добивка
-

Собранието не ја прифати интерпелацијата за министерот Тошковски
-

Инцидент во Црниче: По недоразбирање во сообраќај, возило удрило моторциклист па избегало од местото
-

Електричен тротинет да управуваат само полнолетни лица - Владата предлага построги правила
-

Вработени на ЈУ Националан парк „Пелистер“ спасија срнче на планината Баба
-

Синдром на „златно дете“: Како родителското фаворизирање остава невидливи лузни
-

Гутереш: Адаптацијата кон климатските промени мора да биде главен приоритет на владите
