Османи: Не е прекршена процедурата за Законот за јазиците

При носењето на Законот за употреба на јазиците во ниту еден дел не е прекршена процедурата. Согласно Уставот, амандмани не може да се поднесуваат на еднаш изгласан закон, тој може да се измени само со предлог-закон за измени. Согласно Уставот, претседателот на РМ Ѓорге Иванов е должен да го потпише, смета вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.
- Македонија заврши едно важно поглавје од својата историја и денеска повеќе од кога било е унифицирана, унисона и заедничка во своите предизвици за чекорење кон ЕУ и НАТО, рече Османи.
Во врска со тврдењата дека Законот во трето читање е донесен надвор од предвидениот рок од 30 дена откако македонскиот претседател не го потпиша указот, Османи смета дека не држат бидејќи тоа бил рок во кој законот требало да биде ставен на дневен ред, а не изгласан.
Тој вели дека согласно Уставот, амандмани можат да се поднесуваат само на предлог-закони, а овој, како што рече, веќе бил усвоен.
- Усвоени закони можат да се променат само со предлог-закони. Ако некој сака да го промени овој закон, тогаш треба да поднесе предлог за измени, истакна Османи кој денеска присуствуваше на конференција во Собранието посветена на судските реформи.
Според него, немало никаква основа за предлагање на амандманите и оти тоа го констатирал претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери.
Одговарајќи на прашање за одредбите во Деловникот кои предвидуваат да може да се поднесуваат амандмани на закон за кој претседателот не потпишал указ и тоа во делот на неговите укажувања, Османи потенцира дека тие не биле во согласност со Уставот.
Османи потенцира и дека претседателот на Република Македонија Иванов по вчерашното донесување на Законот во трето читање согласно член 75 од Уставот е должен да го потпише.
Ново на Сител
-

Путин ја зголеми бројноста на руските вооружени сили за 15.500 војници
-

Променливо време со ниски утрински температури
-

Тошковски: Борбата против дрогата не завршува со заплена, мора да се следат и финансиските текови
-

Дизелот поевтинува за 4,5 денари, а цената на бензините се зголемува за денар по литар
-

Приведени повеќе лица осомничени за дела од областа на тероризмот - Акција на повеќе локации во Скопје
-

„Безбеден град“ овозможува електронско плаќање на сообраќајни прекршоци за возила со странски регистарски ознаки
-

Физичка пресметка помеѓу двајца браќа и нивната мајка во Шуто Оризари
-

36-годишен маж од Скопје ја пријавил поранешната партнерка дека физички го нападнала
