Османи на средби со амбасадорите на Шпанија и Полска во Македонија
По вчерашната посета да Брисел, Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, Бујар Османи денес ќе оствари средби со амбасадорите на Кралството Шпанија и на Република Полска во Република Македонија, н.е. Рамон Абароа Каранза и н.е. Јацек Стефан Мултановски.
Меѓу другото, на амбасадорот на Шпанија, н.е. Абароа Каранза, Вицепремиерот ќе му го претстави новиот позитивен пристап на Владата во однос на евроинтегративните процеси и ќе побара поддршка за акционата агенда на Владата и имплементацијата на итните реформски приоритети.
Подоцна, со амбасадорот на Полска, н.е. Јацек Стефан Мултановски, една од темите за разговор ќе биде и досегашната поддршка што Република Македонија во континуитет ја добива до Република Полска, како во рамките на Вишеградската група, така и во рамките на Европската унија и можноста за продлабочување на истата.
И од двата амбасадори, Вицепремиерот Османи ќе побара поддршка за обезбедување конкретни чекори од страна на Европската унија, кои во овој момент ќе претсавуваат значаен импулс, ветар во грб на евроинтегративните процеси во Република Македонија.
Овие посети претставуваат дел од серијата средби кои Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за Европски прашања, Бујар Османи, во континуитет ги остварува периодов со меѓународните претставниците кои доаѓаат од земјите членки на Европската унија, како и на средби со високите претставници на администрацијата на Европската унија. Овие средби се со цел обезбедување поддршка за спроведување на итните реформски приоритети, како и за обезбедување конкретни чекори од Европската унија кон забрзување на евроинтегративните процеси на земјава.
Ново на Сител
-
30 дена притвор за обезбедувачот на Мицкоски осомничен за оддавање службена тајна
-
Таравари: Не планираме да излеземе од Владата
-
Нетанјаху се откажа од својот кандидат за нов шеф на Агенцијата за внатрешна безбедност
-
2.508 сообраќајни прекршоци во текот на продолжениот викенд
-
Фон дер Лајен: Ииаме се што ни е треба за да ги заштитиме нашите луѓе и просперитет
-
Москва: Не веруваме дека САД ќе го напуштат НАТО
-
Над 340.000 пензионери од денеска ќе добиваат повисоки пензии за 2500 денари
-
За седум дена санкционирани 116 непрописно паркирани виозила на територија на општина Центар