Османи на средба со Бербок: Германија е наш најважен партнер во политичка и економска смисла
– Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Берлин оствари средба со сојузниот министер за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Аналена Бербок.
Како што соопшти МНР, Османи и Бербок на средбата изразија задоволство од високото ниво на политички дијалог и партнерските односи кои Северна Македонија и Германија ги воспоставија во изминатите 30 години дипломатски односи заклучувајќи дека соработката и партнерството ги карактеризира три децении поддршка, соработка и градење мостови меѓу двете држави и народи.
– Особено го цениме фактот што Германија е наш најважен партнер во политичка и економска смисла, особено кога се работи за прашањата за нашето политичко интегрирање во европските и евроатлантските организации. Северна Македонија останува кредибилен партнер во регионот, и од аспект на НАТО присуството на Балканот, како земја членка, и од аспект на заштитник и промотор на европскиот кредибилитет во регионот, истакна Османи.
Шефот на дипломатијата изрази благодарност за силниот интерес на Германија и канцеларот Олаф Шолц да го ревитализира Берлинскиот процес како значајна алатка која ги поддржува евроинтеграциските процеси на Северна Македонија и земјите од Западен Балкан со цел нивно поскоро приклучување кон Унијата, но и за заедничко адресирање на актуелните предизвици со кои се соочува европскиот континент.

-Министерката Бербок потврди дека поддршката од Германија за европското досие на Северна Македонија ќе продолжи и во иднина со несмалено темпо, изразувајќи задоволство од историскиот исчекор кој го постигна Северна Македонија за отпочнување на пристапните преговори годинава, наведува МНР.
Теми на разговор меѓу двајцата министри беа и безбедносните прашања, руската инвазија врз Украина и последиците со кои се соочуваат европските земји. Тие ја истакнаа важноста на НАТО за зачувување на европската и светска безбедност.
-Во овој контекст, министерката Бербок упати благодарност, потенцирајќи ја улогата на Северна Македонија како одговорен и кредибилен партнер на Европската Унија во одговор на кризата и 100 отсто усогласеност со санкциите на ЕУ кон Русија, информира Министерството за надворешни работи.
На средбата се дискутираше и за претстојното претседавање на нашата земја со ОБСЕ во 2023 година и можностите за идна соработка во овој контекст.
Ново на Сител
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
