Османи: На Македонија и се потребни словачките искуства во апсорпција на фондовите на ЕУ
Заменик - претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска оствари средба со Иван Корчок, државен секретар и вршител на должноста министер за надворешни и европски работи на Република Словачка.
Како што соопштија од Секретаријатот за европски прашања (СЕП) на средбата биле отворени темите за билатералната соработка меѓу двете земји, која била оценета како солидна, при што посочени се и областите во кои таа може да се продлабочи. Османи ја потенцирал потребата на Македонија за унапредување на капацитетот за апсорпција на фондовите на ЕУ, област во која искуствата од Словачка како лидер во искористувањето на овие фондови во регионот, можат да бидат од исклучително значење за Македонија.
Во поглед на евроинтегративниот процес, вицепремиерот Османи изразил задоволство од досегашната поддршка за европската интеграција на Македонија од страна на Словачка, како во рамки на Европската Унија, така и во рамки на земјите од Вишеградската група.
На гостинот од Словачка му била презентирана и досегашната имплементација на Планот 3-6-9, како и посветеноста на Владата да ги реализира сите препораки, барања и забелешки од страна на Европската унија.
Тој изразил благодарност и за отпочнувањето на проектот „Национална конвенција за Европската Унија во Република Македонија“, кој беше отворен вчера, а се реализираше и со поддршка на словачкиот амбасадор во земјава.
Двајцата соговорници се осврнале и на поддршката на Словачка за процесот на проширување на Европската Унија со земјите од Западен Балкан, што е од особено значење за европската перспектива на регионот, а била потврдена со усвоената Заедничка декларација од страна на министерствата за надворешни работи на Вишеградската група и министерствата за надворешни работи на земјите од Западен Балкан, потпишана во Будимпешта.
Ново на Сител
-
Над 10 отсто од лицата на возраст за пензионирање во ЕУ и натаму работат
-
Митева: Никој што е вмешан нема да биде амнестиран во истрагата за Кочани
-
Американските власти го привеле најпознатиот „тиктокер“ во светот, Хаби Лејм
-
Градоначалникот на Тирана, Велиај, останува во притвор, одбиено барањето за поблага мерка и понудената кауција
-
Иран ја проширува забраната за шетање кучиња во дваесетина градови: „Нечисти се и се симбол на Западот“
-
Орбан: Русија не може да победи ниту во Украина, а не пак да се спротистави на НАТО
-
Квaлификaции зa CП 2026: Макeдoнијa победи прoтив Кaзaxстaн
-
Невреме во Букурешт: Поплави, соборени дрвја и доцнења на летови