Османи-Кулханек: Што поскоро усвојување на преговарачката рамка и формален почеток на преговорите со ЕУ
Остануваме посветени на реформската агенда, со посебен фокус на европските приоритети. Продолжуваме и со активностите за унапредување на добрососедските односи, секако со фокус на Бугарија, преку имплементација на акцискиот план за интензивирање на секторската соработка, и отстранување на разликите кои создаваат политичка недоверба, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи на видео-средбата со шефот на чешката дипломатија Јакуб Кулханек, прва по неговото назначување.
Османи притоа посочи дека се надева на континуитет на дијалогот и со новата Влада во Софија.
Соговорниците, како што соопшти МНР, изразија очекување за што поскоро усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата Меѓувладина конференција за формално започнување на пристапните преговори во јуни оваа година, за време на португалското претседателство со ЕУ.
Османи исто така упати искрени честитки до чешкиот колега и му посака успех во извршувањето на оваа одговорна државна функција.
Османи во разговорот се осврна на процесот на интеграција на Македонија во Европската Унија, како и на внатрешните политички процеси поврзани со нашата реформска агенда.
Министрите изразија задоволство од евидентното интензивирање на билатералната соработка во повеќе сфери од заемен интерес, а беше разговарано за можностите за интензивирање на економската соработка.
Двајцата министри изразија задоволство од нивото на соработка во секторот безбедност и одбрана, како и од успешната соработка и чешкото учество во заштитата на нашата јужна граница од илегална миграција.
Османи исто така изрази благодарност за досегашните донации во текот на Ковид-19 пандемијата.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево