Османи: Интеграцијата во НАТО и ЕУ е најдобар одговор на руските империјалистички амбиции
Интеграцијата во НАТО и ЕУ е најдобар одговор на руските империјалистички амбиции. Украина е само прва станица, а една од следните ќе биде Западен Балкан, подвлече денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи кој го водеше традиционалниот НАТО настан, со што започнаа Деновите на НАТО во земјава, со кои се одбележуваат четири години од членството на Северна Македонија во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата.
-Членството на Северна Македонија во НАТО се реализираше во многу соодветен момент, пред почетокот на руската агресија во Украина. На тој начин, земјава претставува не само фактор на стабилизација на Регионот, туку и поттик за земјите во нашето соседство, кои имаат волја и се подготвени да застанат зад заедничките евроатлантски вредности и цели, рече Османи.
Шефот на дипломатијата потенцираше дека сега е време за забрзување на европските и евроатлантските интегративни процеси.
-Сега, повеќе од било кога, евроатланската и европската интеграција на Западниот Балкан е клучна за подобрување на безбедноста и за консолидирање на стабилноста. Евро-атлантските интегративни процеси се најдобрите демократски алатки за спречување конфликти и злонамерно вмешување на трети страни, рече Османи.
Министерот го поздрави проширувањето на трансатлантското семејство со две нови земји членки – Финска и Шведска, нагласувајќи дека ваквиот чекор е особено значаен бидејќи ќе ја направи Алијансата посилна и дополнително ќе ја зајакне евро-атлантската безбедност.
На традиционалниот НАТО настан се обрати и првиот вицепремиер задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, како и претставници на дипломатскиот кор во земјава, кои упатија честитки за четиригодишнина од НАТО членството на земјата, нејзиниот придонес во колективната безбедност и дадоа свои видувања за тековните глобални предизвици.
Ново на Сител
-

Артан Груби и Перпарим Барјами прв пат заедно во судница – продолжува судењето за Лотарија
-

Во Прилеп одбележани 84 години од Дабничкиот масакр кога бугарскиот фашистички окупатор уби 18-мина кај с. Дабница
-

Младите недоволно се интересираат за сопствената историја
-

Преглед на вестите од светот
-

Јотова: Да заврши сагата со ОМО Илинден
-

Македонија ќе продолжи да работи и бара решение за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Марта Кос со порака до Бугарија: Откако Македонија ќе го смени Уставот, сметаме на ваша поддршка
