Османи ги прими копиите од акредитивите на новиот јапонски амбасадор Казуја
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ги прими копиите од акредитивните писма од новоименуваниот амбасадор на Јапонија во земјава Оцука Казуја.
На средбата, како што соопшти МНР, Османи изрази уверување дека со неговиот ангажман амбасадорот Оцука ќе придонесе кон понатамошно продлабочување на билатералните односи и зајакнување на соработката. Воедно, тој се заблагодари за долгогодишната јапонска помош за Северна Македонија, преку која се поттикнува општествениот развој и напредокот на нашиот народ.
Дополнително, Османи ја нагласи и значајната улога на Јапонија во целокупниот регион, што се потврдува преку бројните регионални проекти во рамки на „Јапонската иницијатива за соработка со земјите од Западен Балкан”.
Соговорниците констатираа дека билатералните односи се на највисоко политичко ниво, нагласувајќи ги заложбите на двете страни за дополнително унапредување на економската соработка и бизнис релациите, додаваат од МНР.
Ново на Сител
-

Федерика Могерини официјално обвинета за измама и корупција
-

Камбовски: Судскиот совет е во тек и ги презема потребните дејствија да утврди дали има некаков пропуст кај судот за случајот „Дурмо турс“
-

Северна Македонија и Србија ја унапредуваат соработката, посебен акцент е ставен на инфраструктурното поврзување
-

Во автомобил управуван од 21-годишник и малолетен сопатник пронајден пиштол
-

Раководството на СДСМ си поднесе оставка
-

Кремљ: Неточни се тврдењата дека Путин го отфрлил американскиот мировен план
-

Уапсена 24-годишна девојка, возела со 1,55 промили алкохол во крвта и удрила во паркирана кола
-

Грчките земјоделци повторно го блокираа граничниот премин Евзони
