Османи: Францускиот предлог не е одбиен, не го прифативме само делот кој е спорен за нас
Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва во емисијата „10 Минути“ истакна дека се во постојана комуникација со Франција и Бугарија со цел да се дојде до еден предлог кој може да ги има во предвид сензитивностите.
„Францускиот предлог, спорниот елемент, спорното прашање не го стави во документот како финално решение – го стави во заграда. Што значи дека тоа не е конечен предлог на француското претседателство, затоа не можам да кажам дека ние документот не го прифативме. Ние не го прифативме тој дел кој што е спорен за нас“, вели Османи.
Тој додава дека е можно до крајот на јуни и да не се добие нов предлог.
„Доколку се најде решение за ова спорно прашање со протоколите, останатиот дел од францускиот предлог е решение кое е прифатливо за нас“ – посочи Османи.
Ново на Сител
-
Приватните специјализанти од понеделник се селат пред здравство
-
Стартува кампањата за парламентарните избори
-
Уште 5 дена кампања за претседателските избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателски избори
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Владата одлучи: Деновите за гласање ќе бидат неработни за сите
-
Партиите потпишуваа кодекс за фер и демократски парламентарни избори